Флик ќе замине од Баерн

Флик ќе замине од Баерн

пред 6 месеци

Ханси Флик, човекот кој во 2020 година, со Баерн ги освои сите трофеи, може да замине од клубот по завршувањето на првенството, тврди „Билд“. Според овој извор, Флик, иако има договор до 2023 година, ќе замине од клубот заедно со претседателот Карл-Хајнц Румениге.

„Билд“, пишува дека Румениге го штити Флик од спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Салихамиџиќ бил незадоволен од Флик бидејќи ниту еден од играчите за кои клубот издвои пари, во минатиот преоден рок, не успеа да избори место во почетниот состав.

Во Баерн пристигнаа Лирој Сане, Марк Рока, Бруно Сар, Даглас Коста, Тијао Дантас. Како слободни играчи Салихамиџиќ во Минхен ги донесе голманот Александер Нибел. Танги Низанзу, Ерик Чупо Мотинг.

Според „Билд“, Оливер Кан ќе го наследи Румение, додека би го наследил Јоаким Лев на кормилото на фудбалската репрезентација.

Share

AnimeFreak watch animes: Watch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 3 (https://animefreak.ws/m/Gd3R/ep-3)

WCOStream wcostream cartoons: Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (Dub) Episode Preview

Scroll to Top