Репрезентациите на Франција, Португалија и Шведска ќе пренесат максимални 4 поени во следната фаза на Светското првенство во ракомет во Египет, откако денеска ги забележаа третите победи во третото коло од првата рунда.
Словенија, пак, во интересна битка беше подобра од Белорусија за да го освои второто место во групата Х, од каде тие две репрезентации, заедно со Русија одат во нашата група во втората фаза.
Французите пак беа неубедливи, овојпат против упорните Швајцарци, но на крајот предводени со осумте гола на Кентин Мае стигнаа до тешка 25:24 победа за максимални 4 поени во втората рунда. Португалците лесно со 26:19 ги совладаа Алжир за да се најпријатното изненадување на турнирот, додека Египет во нашата група, пропушти големо водство за на крајот да загуби со 24:23 од Шведска.
Словенија, предводена од Блаж Јанц (8 гола) и Јуре Доленец (7 гола) во второто полувреме го скршија отпорот на Белорусија за второ место во групата зад Русија.
СП РАКОМЕТ ЕГИПЕТ 2021
ГРУПА Е
Франција – Швајцарија 25:24 (14:14)
Норвешка – Австрија 20.30 ч.
Табела: 1.Франција 6, 2.Норвешка 2, 3.Швајцарија 2, 4.Австрија 0
ГРУПА Ф
Португалија – Алжир 26:19 (14:9)
Исланд – Мароко 20.30 ч.
Табела: 1.Португалија 6, 2.Исланд 2, 3.Алжир 2, 4.Мароко 0
ГРУПА Г
Македонија – Чиле 32:29 (16:17)
Шведска – Египет 24:23 (9:12)
Табела: 1.Шведска 6, 2.Египет 4, 3.Македонија 2, 4.Чиле 0
ГРУПА Х
Русија – Јужна Кореја 30:26 (15:15)
Белорусија – Словенија 25:29 (15:15)
Табела: 1.Русија 5, 2.Словенија 4, 3.Белорусија 3, 4.Ј.Кореја 0
Фото: СП Египет 2021