Црни рекорди на Мурињо, повреда на Кејн, пораз од „црвените“ и кавга со Орие

Црни рекорди на Мурињо, повреда на Кејн, пораз од „црвените“ и кавга со Орие

пред 10 месеци

Португалскиот стратег Жозе Мурињо со синоќешниот пораз од Ливерпул (1-3) во Лондон постави два црни рекорди, а тоа не му се единствените лоши вести по овој меч.

За легендарниот тренер тоа беше веќе шести домашен пораз по 23 меча на свој терен. Португалецот никогаш досега не доживеал толку домашни неуспеси во националните лиги. Челси во два наврати го водеше вкупно 5 сезони и на свој терен загуби само 5 првенствени меча.

Понатаму, ова за Мурињо е трет пораз во низа во мечевите против Ливерпул во Премиерлигата што му е најдолга губитничка низа против еден клуб во кариерата.

На полувремето против „црвените“ Тотенхем доживеа два удари. Серж Орие бесен што Мурињо го замени по кавгата со него демонстративно ја напуштил соблекувалната, а подоцна и стадионот.

Уште полошо е тоа што Спарси по првиот дел мораа да останат и без најдобриот играч, капитенот Хари Кејн (сезонава на 29 меча има 19 гола и 14 асистенции). Тој се очекува да отсуствува од терените еден месец поради повреда на зглобовите.

Share
Scroll to Top