Германскиот шампион Баерн Минхен во ритамот од минатата сезона ја продолжува и оваа. Предмалку на „Алијанц арената“ во Минхен, Баварците со убедливи 5-0 славеа триумф против берлинска Херта.
Стрелец на три гола за моментно второпласираниот тим на табелата во Бундеслигата беше Роберт Левандовски, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Томас Милер и Џамал Мусиала.
Интерен е податокот дека до резултат 4-0 гостинскиот голман Александер Шволов немаше ниту една одбрана, сите удари завршија во неговата мрежа.
Херта останува „фенерџија“ на табелата без бодови, со 2 постигнати и дури 10 примени голови.