Шаповалов го намачи Ѓоковиќ, ама Србинот ќе брка нова грен слем титула во Лондон

Шаповалов го намачи Ѓоковиќ, ама Србинот ќе брка нова грен слем титула во Лондон

пред 3 години

Возбудлив и динамичен полуфинален натпревар одиграа првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ и 12-тиот на АТП листата, Канаѓанецот Денис Шаповалов на теренот на Вимблдон во Лондон.

По три израмнети и докрај неизвесни сетови Ѓоковиќ стигна до победата со 3:0, или по сетови 7-6, 7-5 и 7-5 за безмалку 3 часа игра.

Во воведниот сет Шаповалов беше тој кој прв стигна до предност, уште во третиот гем. Канадскиот тенисер имаше и предност од 5-3, но српскиот ас се врати во мечот, го одведе сетот до тај-брејк, а таму доминантно стигна до предност од 1-0 на мечот.

Сегментот во кој Ѓоковиќ доминираше беа неизнудените грешки. Двојно повеќе направи младиот тенисер.
Во вториот сет се играше без грешка се до 5-5. Тогаш Ѓоковиќ направи брејк кој веќе во наредниот гем на свој сервис го валоризираше за предност од 2-0 во сетови.

И кога се чинеше дека психолошката предност е на страната на фаворитот, Шаповалов не се предаваше.

Со одличен пристап и во третот сегмент од натпреварот одлично се спротивставуваше на Ѓоковиќ притоа исто како и во вториот сет играјќи нерешено се до 5-5.

Сепак, тука пресуди искуството на Новак, па со многу важен брејк стигна до предност за подоцна со 7-5 да го затвори мечот и да се пласира во големото финале на неофицијалното светско тениско првенство.

Таму противник ќе му биде Италијанецот, Матео Беретини кој попладнево со 3-1 славеше победа против полскиот тенисер, Хуберт Хуркач.

Share
Scroll to Top