Еден од најголемите кошаркарски центри во НБА лигата, Шекил О`Нил упати пофалби на сметка на хрватскиот кошаркарски ас, Дино Раџа. Шек доби прашање за тоа против кого од противниците – белци имал најголеми проблеми, па го спомена токму Хрватот.
„Имаше многу зезнати белци кои ги познавав, но најтешко ми беше против еден играч на Бостон. Се викаше Дино Раџа“ вели О`Нил во снимката која Раџа ја објави на својот Инстаграм профил, а под неа напиша:
„Од сите признанија во животот кои ги добив, ова ми е едно од најдрагите. Слушнете што има да каже Шек“.