Шпанија против Шведска е првата полуфинална двојка на Светското првенство во фудбал за жени што се игра во Австралија и Нов Зеланд.
Шпанските фудбалерки ја елиминираа Холандија во четврт-финалето славејќи по продолженија со 2:1. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1.
Калдентеј од пенал ја доведе Шпанија во водство, а Ван дер Грагт во 91. минута донесе израмнување. Во продолженијата, Параљуело во 111. минута донесе триумф за селекцијата на Шпанија.
Швеѓанките по елиминацијата на САД, ја совладаа Јапонија со 2:1 и се пласираа во полуфиналето на Мундијалот.
Илестед во 32. минута донесе предност, а Ангелдал во 51. минута зголеми на 2:0. Уеки не реализира пенал за Јапонија во 76. минута, а шест минити подоцна Хајаши намали на 2:1.