Новак Ѓоковиќ го совлада Данило Медведев со 2:1 во сетови (6:3, 6:7, 7:6) и обезбеди пласман во полуфиналето на АТП завршниот турнир кој се игра во Торино, Италија, но многу повеќе се зборува за тоа што му се случи на српскиот тенисер во вториот сет.
Новак Ѓоковиќ го победи Данило Медведев и го испрати дома, а српскиот тенисер во полуфиналето ќе игра против Американецот Тејлор Фриц.
Ѓоковиќ лесно го зеде првиот сет со 6:3, но Медведев се врати во вториот, кој успеа да го добие во тај-брејк со 7:6.
Сепак, на крајот од вториот сет Ѓоковиќ создаде вистинска драма и сцените беа навистина морничави за гледачите во салата, но и за оние покрај ТВ екраните.
Исцрпениот Новак изгледаше страшно. Седеше на клупа, се тресеше како да има треска и се обиде да се опорави полевајќи се со вода.
Во тие моменти побара и помош од лекар. Тој успеа да го продолжи мечот, но го загуби вториот сет и мораше да брка победа во третиот сет.
„Тоа беше само преголем замор“, истакна Ѓоковиќ по мечот.
Андреј Рубљов го совлада Стефанос Циципас со 2:1 во сетови (3:6, 6:3, 6.2) и се пласира во полуфиналето каде ќе игра против Каспер Руд.
A gruelling encounter 🥵#NittoATPFinals pic.twitter.com/2ArIk6iNbh
— Tennis TV (@TennisTV) November 18, 2022