Азар ќе паузира најмалку три недели

Азар ќе паузира најмалку три недели

пред 4 години

Еден Азар глава не може да крене од повредите. Медиумите пресметале дека Белгиецот, од моментот кога пристигнал во Реал, летото во 2019 година, поради разни повреди надвор од терените бил 229 дена.

Најновата повреда Азар ја доживеа во саботата, на натпреварот против Алавес. Се повреди во 28.минута, издржа на теренот уште пет минути пред да биде заменет.

Во понеделникот, прегледот со магнетна резонанца, покажал дека Азар, ќе мора да паузира најмалку три недели.

Реал, во наредниот период го очекуваат неколку тешки натпревари, во Ла Лига тимот на Зинедин Зидан, ќе игра против Севилја, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, а во Лигата на шампионите против Борусија од Менхенгладбах и Шахтјор.

Реал утре ќе гостуваат кај Шахтјор без Азар, Серхио Рамос, Феде Валверде, Лука Јовиќ и Алваро Одриозола.

Share
Scroll to Top