Албон го „скрши“ Ред булот во Бахреин

Албон го „скрши“ Ред булот во Бахреин

пред 3 години

Лошата сезона за Алекс Албон стана уште полоша, откако возачот на Ред бул го скрши својот болид на вториот тренинг пред Бахреин ГП трката, и за среќа излезе од болидот сам и без повреди.

Британецот со тајландско потекло е под притисок да го заддржи своето место и следната сезона, посебно бидејќи Ред бул има голем број на возачи под договор, и вакви авантури на патеките нема да помогнат.

На патеката, новокрунисаниот седумкратен светски шампион беше единствениот кој влезе во време под 88 секунди, возејќи 1:28.971 за четири десетинки подобро од третопласираниот колега Валтери Ботас. Колегата на Албон, Макс Ферстапен ги раздели возачите на Мерцедес со време од 0.347 секунди послабо од Хамилтон.

Share
Scroll to Top