Алегри на средба со газдите на Рома

Алегри на средба со газдите на Рома

пред 4 години

Италијанските медиуми тврдат дека поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри веќе се сретнал со Ден и Рајан Фридкин, новите газди на Рома и дека е прв фаворит да го преземе местото на Пауло Фонсека.

Според италијанското радио, Алегри, кој нема работа откако доби отказ од Јувентус и покрај тоа што освои пет скудета во низа и беше заменет со Маурицио Сари, кој пак, беше отпуштен ова лето и заменет со Андреа Пирло.

Алегри во минатото не бил заинтересиран за клупата на „волчицата“, најмногу поради претходниот претседател на клубот, Џејмс Палота, но сега бил убеден од новиот проект на американските газди.

Share
Scroll to Top