Андоновски и Американките торпедирани од Шведска

Андоновски и Американките торпедирани од Шведска

пред 3 години

Актуелните светски шампионки, фудбалерките на САД, со пораз го започнаа настапот на Олимписките игри во Токио. Американките кои од клупата ги предводи Македонецот, Влатко Андоновски, во Г-групата, доживеаја тежок пораз од Шведска (0:3). Интересно, Шведска, на претходните ОИ во Рио де Жанеиро, ги елиминираа САД во четврт-финалето.

Швеѓанките до победата дојдоа преку Блакстениус која постигна два гола и Хуртиг. Ова е прв пораз за САД по 44 натпревари и прв воопшто за Андоновски како селектор на светските шампионки.



Share
Scroll to Top