Анчелоти сака да го врати Варан во Мадрид

Анчелоти сака да го врати Варан во Мадрид

пред 9 месеци

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан, во зимскиот преоден рок би можел да се врати во Реал Мадрид.

На Реал Мадрид под итно му е потребен уште еден централен дефанзивец по повредите на Едер Милитао и Давид Алаба. Овие двајца поради тешки повреди ја завршија сезоната.

Карло Анчелоти ги има само Антонио Ридигер и Начо Фернандеш како централни дефанзивци, но јасно е дека тие двајца не можат да ја изнесат сезоната до крај.

Варан не е во добри односи со Ерик тен Хаг, смета дека Холанѓанецот не го почитува доволно, поради што е заинтересиран за трансфер во Реал.

Французинот со Реал освои три ЛШ и беше еден од клучните играчи во ерата на Зинедин Зидан.

Share
Scroll to Top