Артета: Патевме, ова е победа за пресврт во сезоната!

Артета: Патевме, ова е победа за пресврт во сезоната!

пред 3 години

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше пресреќен по победата на неговата екипа на дербито со Челси. „Топчиите“ прекинаа низа од 8 меча без триумф во Премиерлигата.

„Играчите и навивачите доста патеа во последно време, се надевам дека оваа победа е за пресврт во сезоната. Успеавме на многу убедлив начин да одиграме против една од најдобрите екипи во лигата“ рече Артета по мечот.

Шпанскиот стручњак ја пофали играта на младите играчи, но имаше пофалби и за многу критикуваниот Гранит Џака.

„Имавме добар микс на искусни фудбалери и таленти кои допрва доаѓаат, мислам дека беа многу добри. Џака греши, како и сите, но неговата посветеност, карактер и желба да игра за овој тим не се во прашање“ вели Артета.

Менаџерот на Челси, Френк Лампард со право беше разочаран по мечот.

„Ја прифаќам одговорноста од своја страна, но истото мора да го сторат и играчите. Пораката беше јасна – Арсенал е опасен тим. Кога ќе излезеш и ќе одиграш со 60, 70% од можностите, не можеш да очекуваш добар резултат. Лут сум“ – порача Лампард.

Share
Scroll to Top