Артета признава: Страдав од лошите резултати

Артета признава: Страдав од лошите резултати

пред 4 години

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета признава дека се чувствувал одговорен за „исцрпувачката, фрустрирачка и болна“ лоша форма на клубот, која имала и влијание на неговото ментално здравје.

Арсенал во саботата го совладаа Челси со 3:1  за прва победа по седум меча во Премиер лигата, што сепак ги оддржа на шест поени над зоната за испаѓање и Шпанецот признава дека било тешко да се поминат осум недели без победа.

„Од моментот кога пристигнав тука, морав да анализирам што се случи, што можам да направам. Резултатите последните недели беа само страдање, за мене и за целиот тим и се чувствував одговорен. Најлошото чувство е тоа кога го сакаш најдоброто за овој фудбалски клуб и сакаш да ја внесеш страста, познавањето, вистинските намери… Беше исцрпувачки, фрустрирачки и болно. Но, знаев дека морам да се борам и да се вратиме на вистински пат. Кога си исфрустриран и тажен мораш да најдеш начин да го заддржиш духот. Мојата поддршка дојде од семејството, од луѓето кои се со мене во клубот, од бордот, од директорот Еду“, признава Артета.

Share
Scroll to Top