Атлетико не запира, победа над Ваљадолид за прво место во Ла Лига

Атлетико не запира, победа над Ваљадолид за прво место во Ла Лига

пред 3 години

Атлетико Мадрид ја забележа седмата последовна победа во Ла Лига. Во 12.коло, фудбалерите на Атлетико слвеа над Ваљадолид со 2:0.

Густиот распоред го натера тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, целосно да ја измени стартната постава, што се почувствува во играта. Атлетико во првото полувреме ниту еднаш не се закани кон голот на Масип.

Од друга страна Ваљадолид играа одлично во полето, а неколку пати се заканија кон голот на Облак со неколку удари од далечина.

Во вториот дел на теренот влезе Љоренте, а веднаш потоа и Коке односно Жоао Феликс.

Измените го подигнаа нивото на играта кај домашниот тим.

Во 56 минута, перфекната акција помеѓу Љоренте и Трипие со гол ја заврши Лемар. За францускиот интернационалец ова беше прв гол за Атлетико по пауза од речиси две години.

Мечот „јорганџиите“ го решија во 72.минута. Повторно асистираше Трипие, а стрелец беше Љоренте.

Атлетико ја презеде лидерската позиција на табелата со 26 бода. Тимот на Симеоне има натпревар понмалку и два бода повеќе од Реал Сосиедад.

Во наредното коло, на 12.декември, Атлетико во градското дерби ќе гостува кај Реал.

Share
Scroll to Top