Ауар: Избрав да останам во Лион и не жалам

Ауар: Избрав да останам во Лион и не жалам

пред 4 години

Новата француска фудбалска ѕвезда на Лион, Хусем Ауар вели дека не жали што не заминал од францускиот клуб и покрај огромниот интерес на Арсенал и Јувентус. 22-годишниот Ауар оваа недела првпат дебитираше за француската репрезентација и вели дека има време за големи трансфери.

„Среќен сум бидејќи Лион е мојот град, а ова е мојот клуб. Горд сум што го носам дресот на Лион и мотивиран сум да имам добра сезона, индивидуално и тимски. Направивме избор и среќни сме. Претседателот Ола и спортскиот директор Жунињо ме уверија да останам во Лион бидејќи имаме добар проект“, вели Ауар.

Шпекулациите велеа дека Лион барале минимум 50 милиони евра за трансфер на Ауар, но ниту Јувентус, ниту Арсенал не биле подготвени да ја дадат оваа висока сума.

Share
Scroll to Top