Баерн лесно со Леверкузен, на дофат до нова титула од Бундеслигата

Баерн лесно со Леверкузен, на дофат до нова титула од Бундеслигата

пред 4 години

Баерн Минхен стигна до 2:0 победа над Баер Леверкузен за да се доближи на чекор до својата 31. титула од Бундеслигата и деветта едноподруго, откако претходно Лајпциг загуби кај Келн и разликата сега е 10 поени на само четири кола до крајот на шампионатот.

И покрај елиминацијата од Лигата на шампионите и несигурноста околу тренерската позиција по желбата на Ханси Флик да замине на крајот на сезоната, Баварците повторно доминираа во Германија и победникот на „Алијанц арената“ го решија во првите 15 минути од мечот.

Ерик-Максим Чупо-Мотинг стрелаше во седмата минута, за Џошуа Кимих веќе во 13. минута да го постави конечниот резултат.

Ајнтрахт Франкфурт, пак, се искачи на третото место на табелата и си ги зголеми шансите за Лига на шампиони следната сезона, откако со 2:0 го совладаа Аугзбург со головите на Хинтерегер и Андре Силва. Арминија Билефелд со 1:0  го победи „фенерџијата“ Шалке за да избега на четири поени од зоната за испаѓање.

БУНДЕСЛИГА, 30.КОЛО

Баерн Минхен – Баер Леверкузен 2:0

Арминија Билефелд – Шалке 1:0

Ајнтрахт Франкфурт – Аугзбург 2:0

Share
Scroll to Top