Барак Обама стана стратешки партнер на НБА Африка

Барак Обама стана стратешки партнер на НБА Африка

пред 3 години

Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе стане малцински сопственик, но и стратешки партнер и планер на НБА Африка. Главната задача на НБА ќе биде да ја прошири социјалната одговорност на НБА лигата на африканскиот континент, и да води проекти за родова еднаквост и економска помош.

„НБА секогаш била голем амбасадор на САД, и со кошарката се направи поголема поврзаност на светот, а во Африка постои шанса да се промовираат можности, еднаквост и моќ на целиот континент. Со инвестицијата во заедницата, промоцијата на родовата еднаквост, и промовирањето на љубовта кон кошарката, верувам дека НБА Африка ќе помогне на многу млади луѓе“, вели Обама.

59-годишниот Обама во видео-обраќањето исто така објасни дека почнал со кошарката на 10 години кога ја добил првата топка од својот татко и додава дека сонувал за играње во НБА.

Share
Scroll to Top