Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе почека за својата прва победа во шпанската Ла лига по дури 14 кола, откако одиграа здодевно 0:0 домашно реми со Атлетик Билбао.
Иако клубот од Валенсија од овие 14 меча, дури во 7 беа непоразени, се работи за нерешени мечеви по кои остануваат на претпоследното место на табелата со само 7 поени, дури 5 зад Гранада, на првото безбедно место во лигата.
Барди остана на теренот до 73. минута, кога двете замени на Леванте требаше да донесат свежина во нападот, но до гол не се стигна.
Standings provided by SofaScore LiveScore