Барселона победи на „Сан Мамеш“ во Билбао со 3:2, во одложениот натпревар од второто коло во Ла Лига. Со оваа победа Барса скокна на третото место на табелата, со седум бода помалку од Атлетико и пет од Реал. Барса и Реал имаат одиграно два натпревари повеќе од Атлетко.
Натпреварот започна идеално за Атлетик, преку Инаки Вилијамс во третата минута го отворија резултатот.
Барселона потоа го крена нивото на играта, започна со континуирани напади, а по две грешки и лоши проценки на голманот Симон, најпрвин Педи израмни во 14., а потоа на асистенција на овој играч Меси во 38.минута направи целосен пресврт.
Аргентинецот во 62.минута, по додавањето од Гризман постигна уште еден гол, негов деветти во првенството и го реши прашањето околу победникот.
Конечниот резултат го постави Муниани во 91.минута.
Атлетик со деветтиот пораз останаа на деветтото место со 21 поен но и натпревар повеќе од конкурентите.