Беретини се откажа, Циципас без борба влезе во четврт-финалето

Беретини се откажа, Циципас без борба влезе во четврт-финалето

пред 4 години

Последниот меч од денешната програма на Авастралија опен нема да биде одигран. Организаторот објави дека Матео Бетерини се повлекол од турнирот.

Италијанскиот тенисер се откажал поради болки во стомакот. Ова значи дека Стефанос Циципас без борба избори пласман во четврт-финалето, каде го чека вториот носител, Рафаел Надал.

Надал во меѓусебните дуели, води против Циципас со 6:1. Во Мелбурн играле во 2019 година, кога Надал со 3:0 го победи грчкиот тенисер.

Share
Scroll to Top