Бејл и Јовиќ „избегале“ од Зидан

Бејл и Јовиќ „избегале“ од Зидан

пред 3 години

Зинедин Зидан, во неделата, од ложата на „Сантијаго Бернабеу“ го следел натпреварот Реал-Селта (5:2). Зидан веднаш по завршувањето на минатат сезона го напушти клубот.

За дуелот со Селта, Карло Анчелоти не можеше да смета на седум фудбалери, петмина биле на стадионот и срдечно се поздравиле со Зидан. Двајца намерно не се појавиле на „Сантијаго Бернабеу“, не сакале да се поздрават со поранешниот тренер,тврди „АС“.

Герет Бејл и Лука Јовиќ, според овој извор, немале никаква причина во неделата да не бидат на стадионот. Овие двајца не го паметат по добро мандатот на Зидан.

Бејл, додека Зидан беше тренер, најчесто беше на трибините и клупата за резерви, додека Јовиќ не успеа да го убеди Зизу дека местото му е на теренот, а не на клупата.

Share
Scroll to Top