Богдановиќ ја продолжи својата историска серија

Богдановиќ ја продолжи својата историска серија

пред 1 година

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ продолжува да испишува историја на Мундобаскетот.

Капитенот на српската репрезентација игра одлично на ова Светско првенство и е еден од најдобрите на целиот турнир.

Во четвртфиналето против Литванија го израмни рекордот на Кирк Пери, од 23 последовни натпревари, на кои погодил најмалку една тројка. На тој натпревар го престигна и легендарниот Дражен Петровиќ на вечната листа на најдобри стрелци.

Богдановиќ погоди тројка на почетокот на натпреварот за водство на Србија од 8:1 против Канада и ова е 24. последователен натпревар во кој тој постигна тројка.

Богдановиќ и официјално е рекордер на ФИБА по бројот на последователни натпревари со постигната најмалку една тројка.

Share
Scroll to Top