Верност за пример – 18 сезони е во Жалгирис

Верност за пример – 18 сезони е во Жалгирис

пред 3 години

Кошаркарот на литвански Жалгирис, Паулиус Јанкунас го продолжи договорот со клуотна уште една година.

Овој 37-годишен кошаркар дебитираше за Жалгирис во Далечната 2003 година и оттогаш постојано е во зелениот дрес, освен една сезона која ја помина во руски Химки.

Беше учесник на сите најголеми триумфи со клубот од Литванија и освои многу лични признанија.

Јанкунас е најдобриот скокач во историјата на Евролигата со 1.965 скока на 375 меча. Минатата сезона на 34 меча во елитното европско натпреварување бележеше по 3,9 поени и 4,4 скока по меч.

Јанкунас му помогна на Жалгирис да дојде до 15 титули во шампионатот на Литванија, но и 9 трофеи во националниот Куп.

Како долгогодишен репрезентативец на Литванија тој освои бронза на СП 2010 година, а има сребро и бронза и од ЕП во 2007 односно 2015 година.

Share
Scroll to Top