Веспрем и Манасков против Кил на завршниот турнир во ЛШ

Веспрем и Манасков против Кил на завршниот турнир во ЛШ

пред 3 години

Европската ракометна федерација (ЕХФ), во своето седиште во Виена, попладнево ги одреди полу-финалните двојки за за вршниот турнир во Лигата на шампионите, за сезоната 2019/2020.

Поради пандемијата на коронавирусот сезоната во Лигата на шампионите беше прекината, нокаут-фазата воопшто не се одигра. ЕХФ, најде соломонско решение, завршниот турнир да се одигра на 28 и 29.декември во Келн, а учесници да бидат двете првопласирани екипи од групите А и Б: Барселона, Веспрем, Кил и ПСЖ.

Денешната ждрепка во полу-финалето ги спои Кил и Веспрем, односно Барселона и ПСЖ.

Share
Scroll to Top