„Ве молам да го опоменете мојот тренер, да престане да зборува“

„Ве молам да го опоменете мојот тренер, да престане да зборува“

пред 4 години

Познатата судијка од тениските терени, Маријана Вељовиќ, изминатата беше сведок на најбизарната сцена во кариерата.

Вељовиќ, го судеше мечот во Мелбурн помеѓу Сорана Кирстеа од Романија и Ен Ли од САД.

При резултат 6/3, 3*/0 за Американката, во паузата помеѓу гемовите, Романката, влегла во расправија со својот тренер Карл Маес, а потоа ја замолила судијката да му каже да престане за зборува.

„Можете ли да го опоменете, ве молам? Не престанува да зборува. Го слушам кога сум на теренот, го слушам овде, сакам само да му порачам да престане“, рекла Кирстеа.

Судијката била изненадена од ваквото барање.

„Бараш од мене да го опоменам твојот тренер? Според правилата, јас можам само тебе да те опоменам“.

„Знам, но ве молам, кажате му да прекине, не можам да го поднесам ова п…“, завршила Кирстеа.

На крајот Романката го загуби вториот сет со 6/1.

 

Share
Scroll to Top