(Видео) Валјадолид ја „растури“ Барса за да си ги зголеми шансите за опстанок

(Видео) Валјадолид ја „растури“ Барса за да си ги зголеми шансите за опстанок

пред 11 месеци

Реал Валјадолид стигна до зачудувачка 3:1 победа над новиот шпански шампион Барселона за да си ги зголеми шансите за опстанок во елитата.

Иако беше јасно дека мотивацијата во Барселона нема да биде голема откако веќе ја запечатија титулата, ниту најголемите навивали на Валјадолид немаше да прогнозираат ваков исход на мечот, со што на две кола пред крајот се во добра ситуација да ја добијат битката за опстанок.

Лошата вечер за гостите од Каталонија почна уште во втората минута, кога Андреас Кристенсен си постигна автогол, за во 22. минута Кајл Лерин од пенал да зголеми на 2:0. Гонзало Плата во 73. минута стави крај на надежите за камбек, иако Роберт Левановски во 83. минута намали на 3:1.

Share
Scroll to Top