(Видео) Го европскиот рекорд, па го запроси своето момче – но не со прстен

(Видео) Го европскиот рекорд, па го запроси своето момче – но не со прстен

пред 3 месеци

Француската атлетичарка Алис Фино успеа да го собори европскиот рекорд во трката на 3.000 метри стиплчез на годинешните Олимписки игри, а од Париз си заминува не само со нов рекорд, туку и со вереник.

Фино, по трката во која го урна европскиот рекорд но не успеа да освои медал, побрза кај своето долгогодишно момче, шпанскиот репрезентативец во трајлон Бруно Мартинез Баргиела и прашала дали ќе ја ожени.

Ннаместо прстен, таа му „понуди“ олимписка значка. Откако Шпанецот рекол „да“, значката на која пишува „Љубовта е во Париз“, Фино ја закачи на неговата маица.

Фино, подоцна и самата потврди во разговор со новинарите потврди дека се вериле, објави Дејли Мејл.

„Реков дека ако трчам под девет минути ќе го запросам бидејќи девет е мојот среќен број, а заедно сме девет години. Не сакам да правам традиционални работи и бидејќи тој сè уште не ме запросил си реков дека можеби е во ред јас да го направам тоа“, изјави Фино“.

Share
Scroll to Top