Последните информации од Италија се дека најсериозен кандидат за нов тренер на Лацио е Португалецот, Андре Виљаш-Боаш. Лацио остана без кормилар откако Симоне Инзаги, помалку изненадувачки, го напушти римскиот клуб и потпиша за шампионот Интер.
Иако денеска имаше информации дека Маурицио Сари, Синиша Михајловиќ и Дејан Станковиќ се сериозни кандидати за клупата на „небесносините“, сепак според извештајот на „Il Tempо“ португалскиот стратег ги чекирал картите кон Рим и утре оди на преговори.
Виљаш- Боаш во кариерата ги предводеше Академика, Порто, челси, Тотенхем, Зенит и Шангај СИПГ, Олимпик Марсеј.
Зад себе има 421 меч со 244 победи, 88 реми дуели и 89 порази.
Досега не бил тренер во ниту еден италијански клуб.