„Волците“ со пресврт до победа над Брајтон

„Волците“ со пресврт до победа над Брајтон

пред 3 години

Вулверхемптон со пресврт стигна до 2:1 победа над Брајтон, откако противниците останаа со играч помалку за прва победа по три меча во разочарувачка сезона за „волците“.

Гостите успеаја да стигнат до водство уште во 14. минута преку Луис Данк, но истиот фудбалер доби директен црвен картон во 53. минута, по што Вулверхемптон тргна во „опсада“ на голот на Брајтон.

Адама Траоре успеа да израмни во 76. минута од мечот, пред младиот Морган Вајт-Гибс во 90-тата минута да обезбеди три поени за Вулфс.

Вулверхемптон се на 12. место со 45 поени, додека Брајтон се 15-ти со 37 поени, но обезбеден опстанок.

Share
Scroll to Top