Во сенка на бунтот, Челси одигра само 0:0 со Брајтон

Во сенка на бунтот, Челси одигра само 0:0 со Брајтон

пред 3 години

Во сенка на бунтот на навивачите против Суперлигата и неофицијалната потврда дека се откажуваат од ова членство, Челси на Томас Тухел одиграа само 0:0 против Брајтон за да си ги закомпликуваат работите за топ 4 пласман во Премиер лигата.

Пред да започне мечот, лутите навивачи на Челси го сопреа автобусот со кој фудбалерите требаше да пристигнат на „Стемфорд бриџ“ и легендата Петр Чех се обидуваше да ги убеди да ги пуштат. Во тие моменти стигна неофицијалната потврда дека тимот нема да игра во Суперлигата, и мечот започна со 15 минути задоцнување (21.15 наместо 21.00).

Со освоениот поен, Челси се врати на четвртото место на табелата, но со многу компликувана ситуација околу нив. Лестер се трети со 56 поени, Челси имаат 55, колку што имаат и Вест хем на петтото место, а потоа следуваат Ливерпул со 53 и Тотенхем со 50. Сите освен Лестер имаат по шест меча до крајот на сезоната.

За Брајтон пак, поенот може да е клучен за опстанок, бидејќи сега се на 16. со 34 поени, седум над Фулам, кои се први во зоната за испаѓање.

Share
Scroll to Top