Во УЕФА не знаат од која држава е Папу Гомез

Во УЕФА не знаат од која држава е Папу Гомез

пред 4 години

Вечерва стартува нокаут фазата во Лигата на шампионите. Осмина-финалето ќе го отврат Барселона и ПСЖ, односно Лајпциг и Ливерпул, а утре на програмата се дуелите Севилја-Борусија Дортмунд и Порто-Јувентус.

УЕФА на својата страница, во бизарна грешка, го најави дуелот помеѓу Севилја и „милионерите“ од Дортмунд.

УЕФА, го претстави Папу Гомез, како фудбалер кој доаѓа од Италија. Бизарна грешка бидејќи Гомез е Аргентинец со двојно државјанство.

Во вакви случаи секогаш прво се пишува земјата од која доаѓа фудбалерот.

 

Share
Scroll to Top