Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар стигна до победа (1:2) на гостувањето протиув Караорман и по петтото коло во Втората македонска фудбалска лига се искачи на врвот на табелата. Жоглев во 88.минута донесе победа за Вардар, откако претходно Десниќ беше стрелец на првиот за „црвено-црните“ во 57. минута.
Пелистер минимално славеше на гости во Охрид со 0:1. Маневски во 82.минута донесе триумф за „пелистерци“.
Детонит Плачковица го победи Аресими со 3:1, Љупчо Димитковски со реми дебитираше на клупата на Каменица Саса.
Втора лига, резултати: Караорман – Вардар 1:2, Охрид – Пелистер 0:1, Каменица Саса – Беласица 1:1, Детонит Плачковица – Аресими 3:1, Беса – Слога Виница 3:2, Борец – Кожуф 0:2, Локомотива – Тетекс 0:0, Гостивар – Воска 2:2.