Горан Пандев скромен: Сите се херои, не сум само јас

пред 3 години

По пласманот на ЕП 2021, капитенот на фудбалската репрезентација, Горан Пандев, се врати во Италија за да игра натпревар од Серија А со неговиот клуб Џенова. Пандев го пречекаа новинарите, кои го прашаа дали се чувствува како херој на Македонија, а тој скромно им одговори дека херои се сите фудбалери во тимот.

„Национален херој? Не сум само јас херој, херои се сите момци во репрезентацијата. Успехот што го постигнавме е благодарение буквално на сите. Ова чувство е нешто посебно, ми се оствари сонот“, рече тој.

Новинарите го прашале и дали следниот чекор за него е Светско првенство.

„Чекор по чекор. Сега сакам да се фокусирам само на Џенова, има време. Следниот сон е да ја однесеме Џенова на безбедно во Серија А“, рекол Пандев по враќањето.

Инаку, Македонија денес го игра на натпреварот против Естонија во квалификациите за Лигата на нации, а Горан нема да настапи за репрезентацијата. Заради клупските обврски од тимот заминаа уште неколку други фудбалери..

Share
Scroll to Top