Го нема Роналдо тука е Мората – Јувентус го победи Лацио

Го нема Роналдо тука е Мората – Јувентус го победи Лацио

пред 4 години

Јувентус, со пресврт, го доби дербито против Лацио со 3:1. На Лацио им пресуди Алваро Мората кој за три минути постигна два гола.

Играчите на Лацио, подобро влегоа во натпреварот, го имаа поседот, ја контролираа играта, а откако слободниот удар на Милинковиќ-Савиќ заврши крај голот, во 14.минута Хоакин Кореа го совлада Шчешни.

По примениот гол, Андреа Пирло, ја смени формацијата и Јувентус заиграа подобро. Во финишот на првоот полувреме Рабио го израмни резултатот.

Во второто полувреме се случи во периодот од 56 до 60 минута.

Милинковиќ-Савиќ во 56.минута од тешка позиција ја погоди гредата, а во наредниот напад Мората го совлада сонародникот Реина.

Три минути подоцна Милинковиќ-Савиќ без потреба напраи фаул врз Рамзи пред својот гол. Пеналот го реализираше Мората.

Кристијано Роналдо натпреварот го започна од клупата за резерви, на теренот влезе во 65.минута.

Share
Scroll to Top