„Го обвинуваат Рафа за допинг бидејќи е подобар од Федерер“

„Го обвинуваат Рафа за допинг бидејќи е подобар од Федерер“

пред 3 години

Францускиот тенисер, Жил Симон, во својата авто-биографска книга, пишува дека Рафаел Надал го обвинувале за допинг дека многу мина не можеле да прифата дека е подобар од Роџер Федерер.

Надал, во минатото, неколку пати е обвинуван дека користи допинг, но такво нешто никогаш не е докажано.

„Тешко можете да ги убедите луѓето дека Рафаел Надал е подобар од Роџер Федерер. Дури и зборуваа дека се допингува. Едноставно, Надал не е слика на идеален тенисер каков што некои го замислуваат“, тврди Симон.

„Сакам да нагласам дека никогаш не се зборувало за физичката подготвеност на Роџер Федерер, никогаш не се зборуваше за тоа како тој со 35 години играше пет сета во финалето на Австралија опен во 2017 година. Тоа никој никогаш не го спомна“.

Share
Scroll to Top