Диего Симеоне и Атлетико повторно им се вратија на победите во Ла лига откако во претходното коло Селта „скина“ две планирани бода од лидерот на табелата.
Попладнево тоа не и успеа на Гранада која на домашен терен доживеа пораз од „јорганџиите“ со 1-2.
По релативно мирното прво полувреме во кое гостинот од Мадрид го имаше поседот на топката и упати повеќе удари кон противничкиот гол, во вториот дел поконкретна игра, со шанси и со погодоци.
Резултатот го отвори Љоренте во 63 минута на асистенција на Коке по што следуваше одмерен шут во долниот агол од голот на Гранада.
Само 3 минути траеше радоста на гостите затоа што нововлезениот Херера во 66 минута носи израмнување 1-1. Шутираше од работ на шеснаесетникот, топката удри во еден од гостинските фудбалери и го измами немоќниот Облак.
Сепак, Атлетико и вторпат дојде до предност. Овојпат Љоренте беше во улога на асистент, а стрелец на водечкиот гол за „црвено-белите“ беше Кореа во 75 минута.
До крајот на натпреварот немаше поголеми возбудувања, па бодовите одат за Мадрид. Со денешните 3, Атлетико по 21 одигран меч собра 54 поени повеќе од второпласираниот Реал, но и меч повеќе за играње од конкурентот.
Гранада со денешниот неуспех останува на осмопласирана со 30 бода.