Дончиќ ги растури Голден стејт

Дончиќ ги растури Голден стејт

пред 3 години

Далас Маверикс, предводени од Лука Дончиќ, ги декласираа Голден стејт Вориорс со 133:103.

Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, шест скока и осум асистенции. Уште шестмина играчи на Далас постигнаа двоцифрен број на поени.

Вориорс ги предводеа Кари со 27 и Малдер со 26 поени.

Далас победата ја обезбедија во првата четвртина, која ја завршија со предност од 24 поени (36:12). Разликата на почетокот на последната четвртина беше 43 поени. Во финишот на мечот, поради неспортска беше исклучен центарот на Далсс, Бобан Марјановиќ.

Далас ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари, додека за Вориорс ова ше третиот пораз на последните десет натпревари.



Share
Scroll to Top