Дринквотер на натпревар се степал со 16-годишен фудбалер

Дринквотер на натпревар се степал со 16-годишен фудбалер

пред 3 години

Дени Дринквотер, фудбалер кој играше во шампионскиот тим на Лестер, синоќа предизвика хаос на натпреварот што го одиграа У-23 екипите на Челси и Тотенхем. Мечот со внимание се следеше во Англија, бидејќи за резервниот тим на Челси бранеше легендарниот Петр Чех.

Дени Дринквотер, две години нема одиграно натпревар за првиот тим на Челси, беше на позајмици во други тимови, каде не успеа да се наметне. Последните две години е присутен во медиумите по скандалите што ги предизвикува надвор од фудбалските терени.

Поранешниот репрезентативец на Англија, најчесто игра за резервниот тим на Челси. Синоќа настапи против Тотенхем и предизвика скандал.

Искусниот фудбалер, добил црвен картон откако го удрил 16-годишниот притивнички фудбалер, Алфи Дивин. На Дримквотер не му се допаднало начинот на кој бил фаулиран, го удрил Дивин, по што настана хаос на теренот.

Откако судијата ги смирил воинствените фудбалери на Дринквотер му покажал црвен картон.

 

Share
Scroll to Top