Европски класик, Италија против Шпанија

Европски класик, Италија против Шпанија

пред 3 години

Италија и Шпанија, вечерва на Вембли, во Лондон, ќе го одиграат првото полу-финале на Европското првенство. Азурите и црвената фурија имаат едно од најголемите ривалства во европскиот фудбал. Вечрва тие ќе се соочат по 33.пат.

Италија и Шпанија првиот меч го одиграле во далечната 1924 година, а последен пат се сретнале во квалификациите за Светското првенство во Русија, во 2017 година Шпанија победи со 3:0.

Кога ќе се погледне меѓусебниот скор, поуспешни се Шпанците. Тие имаат 12 победи, Италија победила девет пати, 1 12 натпревари завршиле без победник.

Новата историја не и е наклонета на Италија. Азурите ги паметат поразите од Шпанија на европските првенства во 2008 и 2012 година. Во 2008 Шпанија ја победи Италија на пенали, во четврт-финалето, а во 2012 година во финалето, во Киев, црвената фурија славеше со 4:0.

Италија им се реваншираше на противниците на минатото европско првенство, кога во осмина-финалето со 2:0 ја елиминираше Шпанија.

Италија, под Роберто Манчини, игра модерен фудбал, во групата забележаа три сигурни победи над Тирција, Швајцарија и Велс. Проблеми имаа во осмина-финалето, ја минаа Австрија по продолженијата, а во четврт-финалето ја совладаа Белгија со 2.1.

Шпанците, од друга страна, не отстапуваат од својот стил, познатата тики-така. Фуријата се мачеше во првите два натпревари во групата, 0:0 против Шведска и 1:1 против Полска, а во последниот меч ја декласираа Словачка со 5:0.

Во осмина-финалето, во спектакуларен меч ја победија Хрвтска 5:3 по продолженијата, откако во регуларните 90 минути испуштија предност од 3:1. Во четврт-финалето, по изведувањето на пенали ја победија Швајцарија.

Во двете репрезентации за полу-финалето ќе нема по еден од стандардните играчи. Италија ќе биде без Леонардо Спинацола, додека за Шпанија нема да игра Пабло Сарабија.

Дуелот во Лондон ќе го суди Германецот Феликс Брих.

Share
Scroll to Top