Емотивна средба на Михајловиќ со дете излекувано од леукемија

Емотивна средба на Михајловиќ со дете излекувано од леукемија

пред 3 години

Синиша Михајловиќ со својата борба против леукемијата им стана идол на многумина во светот, а еден од нив е и малиот Мирко. 12-годишникот летоска му напишал емотивно писмо на Михајловиќ во кое пишува дека му се воодушевува.

„Видов дека сте исклучително тажен. Никој друг, освен јас, не може да ги разбере вашите ставови, затоа што иако имам 12 години, разбирам дека стравот е ист за сите. Немојте да се предавате, пуштите солза и направете се што можете. Брзо ќе оздравете, а еден ден можеби ќе се видиме на теренот“ му напиша Мирко на Миха.

По трансплантацијата на коскена срцевина, Мирко дочека да го запознае тренерот на калчолигашот Болоња, благодарение на една италијанска телевизија. Двајцата беа во постојан контакт, а сега кога двајцата ја победија леукемијата, се видоа и во живо.

„Беше исклучително силен, воопшто не е лесно да се избориш против леукемија. Дали плачеше додека беше во болница? И јас плачев, плачам и сега, плачев и кога го добив твоето писмо“ рече Михајловиќ кога малиот Мирко го посети тренерот на стадионот на Болоња.

Share
Scroll to Top