Ждрепката за европските купови е во понеделник

Ждрепката за европските купови е во понеделник

пред 3 години

Ждрепката за нокаут-фазата во европските купови ќе се одржи во понеделник, во седиштето на УЕФА во Нион.

Најголем интерес ќе привлече ждрепката во Лигата на шампионите. Точно на пладне, ќе бидат одредени осмина-финалните двојки во најсилното клупско натпреварување во светот.

Носители: Манчестер сити, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Лил, Јувентус

Неносители: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг Лисабон, Интер, Бенфика, Виљареал, Салцбург, Челси.

Од 13 часот е закажана ждрепката за Лига Европа. Четворица македонски репрезентативеци ќе играат со своите клубови во оваа фаза: Елиф Елмас (Наполи), Бобан Николов (Шериф), Аријан Адеми и Стефан Ристовски (Динамо Загреб).

Тимовите на македонските репрезентативци ќе играат во баражот за пласман во осмина-финалето.

Победниците на групите Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт, Галатасарај, Црвена звезда, Баер Леверкузен и Вест Хем, веќе се во осмина-финалето.

Во понеделник ќе бидат извлечени бараж-двојките.

Носители: Глазгов Ренџерс, Реал Сосиедад, Наполи, Олимпијакос, Лацио, Брага, Бетис, Динамо Загреб

Неосители се екипите кои испаднаа од Лигата на шампионите: Барселона, Лајпциг, Порто, Борусија Дортмунд, Шериф, Аталанта, Севилја, Зенит.

По ист систем се игра и Конференциската лига. Во осмина-финалето се пласираа победниците на групите: ЛАСК Линц, Гент, Рома, АЗ Алкмар, Феенорд, Копенхаген, Рен, Базел.

Ждрепката која ќе започне во 14 часот ќе ги одреди бараж-двојките.

Носители: Макаби Тел Авив, Партизан, Боде, Рандерс, Славија, ПАОК, Карабаг, Витесе/Тотенхем

Неносители се тимовите кои завршија како трети во групите, во Лига Европа: Спарта Прага, ПСВ Ајндховен, Лестер, Фенербахче, Марсеј, Митјиланд, Селтик, Рапид Виена.

Share
Scroll to Top