Започнува Европското првенство за ракометарки

Започнува Европското првенство за ракометарки

пред 3 години

Денес во данските градови Херминг и Колдинг започнуваа Европското првенство за ракометарки. Првенството ќе заврши на 20.декември. Турнирот требаше да се игра и во Норвешка, но оваа држава се откажа од организацијата поради пандемијата на вирусот Ковид-19.

На ЕП во Данска, кое воедно ќе биде и квалификациско за пласман на Светското првенство наредната година (Шпанија, 2. до 19.декември), ќе учествуваат 16 репрезентации, кои се поделени во четири групи.

По завршувањето на првата фаза, по три селекции од секоја група ќе продолжат понатаму и ќе бидат формирани две нови групи. Селекциите ќе ги пренесуваат бодовите освоени во првата фаза.

Двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во полу-финалето и ќе изборат пласман на Светското првенство.

Титулата во Данска ќе ја бранат репрезентативките на Франција. Во најтесниот круг на фаворити покрај Франција и Данска се уште и Норвешка, Холандија, Шпанија и Русија.

Првенството од 18 часот ќе го отворат Романија и Германија, 15 минути подоцна ќе започне дуелот дербито на денот помеѓу Русија и Шпанија. Од 20.30 часот на програмата се натпреварите Норвешка-Полска и Шведска-Чешка.

Share
Scroll to Top