Зенит ја освои руската круна, капитенот Ѕјуба го доби медалот облечен како Дедпул

Зенит ја освои руската круна, капитенот Ѕјуба го доби медалот облечен како Дедпул

пред 4 години

Зенит Санкт Петерсбург со 6:1 го здроби тимот на Локомотив Москва за да ја одбрани титулата од Руската Суперлига и по седми пат да стане шампион на Русија.

На „Газпром арената“, Сардар Азмун постигна хет-трик, еден гол даде „отпадникот“ од Барселона, Малком, а два уфрли капитенот Артем Ѕјуба, кој беше и ѕвезда при доделувањето на победничките медали.

Ѕјуба, кој претходно минатата година беше дел од скандал со „протеченото“ видео од неговото мастурбирање во една хотелска соба, овојпат излезе на подиумот со својот син облечен како Дедпул, лик од филмовите на Марвел.

Share
Scroll to Top