Кавани призна дека не му било лесно кога стигнал во Манчестер јунајтед

Кавани призна дека не му било лесно кога стигнал во Манчестер јунајтед

пред 3 години

Единсон Кавани импресионира со своите игри за Манчестер јунајтед, но признава дека адаптацијата на Премиер лигата и на „ѓаволите“ не одела лесно.

33-годишниот Кавани пристигна во тимот на Оле Гунар Солскјер во октомври 2020 со огромно искуство зад него во клубови како Наполи и Пари Сен-Жермен, но премиерлигашкиот фудбал е поинаква „ѕверка“.

„Секогаш е тешко кога се адаптираш на поинакво место, нова култура  и нови навики. Дури и да се внесеш целосно во таа задача, има многу работи кои се случуваат околу нас кои го прават процесот потежок“, вели Кавани.

Тој призна дека би сакал да го крене ФА купот со Јунајтед пред мечот од петтото коло со Вест хем оваа недела.

„Немав шанса да прочитам или да го проучам трофејот, но секој куп и трофеј е многу важен. Секогаш сум мислел така. За мене фудбалот е постојано натпреварување, во секој меч. Можам да замислам колку е важен трофејот за навивачите, а победите не се лесни“, вели Кавани.

Share
Scroll to Top