Карагер за Арсенал: Изгледаат како деца кои играат против мажи!

Карагер за Арсенал: Изгледаат како деца кои играат против мажи!

пред 3 години

Арсенал со пораз кај Брентфорд од 2-0 ја отвори новата сезона во Премиерлигата и на тој начин ја продолжија агонијата во клубот која трае подолг период. Мечот за „Sky Sports“ го прокоментира поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер.

„Тренерот на Брентфорд знае што прави. Ако играш против Арсенал, уфрлувај ја топката во шеснаесетникот. Како да се опише нивната одбрана? Тоа е само Арсенал, слаб, измачен… Тоа се деца кои играат против мажи! Нова сезона, стара приказна. Ова е типичен меч за Арсенал. Штом почна дуелот, се знаеше дека Арсенал ќе има проблеми со енергијата и темпото на противникот. Ова се случува пречесто“ рече Карагер.

Притисокот врз кормиларот на „топчиите“ Микел Артета и од навивачите се повеќе расте, но извори блиски на Управата на клубот тврдат дека неговата работа во лондонскиот клуб е прилично сигурна.

Ова лето Арсенал го доведе стоперот Бен Вајт кој синоќа не брилјираше, Томас Парти има проблеми со повреди, а новото засилување од Андерлехт – Самби Локонга се уште се „аклиматизира“.

Задачата за Арсенал станува уште потешка затоа што во следните две кола пулените на Артета одат на мегдан против Челси и Манчестер Сити.

„Навистина сме разочарани од начинот на кој ја започнавме сезоната. Ова беа `мњки` голови. Не сакам да барам изговори, но на теренот имавме многу добра екипа за подобар резултат. Знаеме каде треба да се подобриме, ќе мора на поинаков начин“ рече шпаскиот тренер.

Share
Scroll to Top