Најдобриот играч и стрелец на Тотенхем, Хари Кејн, најави заминување од клубот. Кејн, порачал, дека наскоро ќе седне да разговара со газдата на Тотенхем, Даниел Леви.
„Се надевам дека имаме добар однос, дека по 16 години можеме да седнеме и искрено да разговараме“, рекол Кејн.
Напаѓачот се надевал дека клубот прави планови колку пари може да заработи од неговиот трансфер.
„Можеби Леви сака да ме продаде. Можеби размислува дека за мене може да добие 100 милиони. Јас нема да вредам толку пари за две или три години“.
Капитенот на англиската репрезентација истакнал дека, желбата да замине е поттикната од спортски мотиви, сака да игра во Лигата на шампиони и да освојува трофеи.