Клоп за средбата со Марадона: Како да се среќаваш со папата!

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека фудбалот загубил една од најголемите ѕвезди во историјата по смртта на Диего Марадона и изјави дека средбата со Аргентинецот наликувала на средба со папата. „Тој е најдобриот во мојот живот, некого кого гледав најчесто. Можеби веќе тоа не е вистина, бидејќи сега ги гледам Кристијано и Лионел многу пати, но во мојата фудбалерска кариера тој беше на највисокото ниво. Неговиот живот покажа колку може да биде убав животот кога си фудбалер од светска класа, но и колку може да биде тежок. Беше навистина импресивна личост. Имав една шанса да се сретнам со него и за фудбалер од мое ниво тоа беше како средба со папата. Нешто, навистина посебно. На фудбалот ќе му недостасува, а ги гледате реакциите од целиот свет. Да можевме да му покажеме љубов без селфи, почит додека беше жив, мислам дека ќе му помогневме“, вели Клоп.

Share
Scroll to Top