Клоп: Челси се најголемите фаворити за титулата

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Челси се најголемите фаворити за титулата во Премиер лигата, бидејќи имаат моќен тим и играат добар фудбал. „Сините“ се први на табелата по 3:1 победата над Лидс со поен предност пред Ливерпул и Тотенхем, кои своите мечеви ги играат денеска, и Клоп признава дека тие се најсериозните ривали за одбраната на титулата. „Кога ги гледам натпреварите можам да забележам дека Тотенхем се навистина добри, но дека Челси за мене изгледаат како фаворити. Имаат голем тим, страшни играчи и играат добро. Сега се во топ-форма и имат многу опции на клупата. Секогаш постои притисок, но ние ќе се фокусираме на нашата игра. Притисокот е тука да се победува и сакаме да победиме против Вулверхемптон. Секогаш е така, не можете да размислувате кој е пред вас, туку само на следниот противник“, вели Клоп.

Share
Scroll to Top